Светски ден на пчелата 20/05/2023

Земјоделскиот Институт-Скопје и Амбасадата на Република Словенија во соработка со општина Гази Баба и ФАО (Food and Agriculture Organization of the United Nations) го одбележаа светскиот ден на пчелата. Настанот, кој се одржа во Земјоделскиот институт-Скопје, имаше за цел да ја подигне свеста на децата за виталната улога на пчелите во одржливото производство на храна, зачувувањето на природата и зачувувањето на животот на Земјата, и да им ја доближи природата и љубовта кон природните науки. Ова е од особена важност, бидејќи пчелите се под голема закана од повеќе фактори, како климатските промени, интензивното земјоделство и употребата на пестициди, губењето на биолошката разновидност и загадувањето.

Пчеларката Драгана Јовановска и ентомологот д-р Катерина Банџо Орешковиќ на настанот разговараа со децата од основните училишта во општината Гази Баба за важноста на пчелите и другите опрашувачи за човештвото, за безбедноста на храната и глобалната елиминација на гладот, како и грижата за животната средина и биодиверзитетот.

Учениците ја изразија својата уметничка креативност на оваа тема преку сликање на пчелни сандачиња, кои ќе бидат поставени во пчеларникот на Земјоделскиот институт заедно со словенечките АЖ сандачиња, подарок од Република Словенија. Исто така, децата заедно со организаторите засадија медоносни растенија во дворот на институтот.

Останати Новости

Студентска конференција – 09/11/2023

На 09/11/2023 година, претставници од Земјоделскиот институт учествуваа на IV Студентска конференција под наслов „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, организирана од страна на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Прочитај Повеќе

Меморандум Сараево – 08/11/2023

На 08/11/2023 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, застапуван од Директорот на Институтот, проф. д-р Виктор Ѓамовски, и Земјоделско-прехранбениот факултет во рамки на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, застапуван од Деканот, проф. д-р Мухамед Брка.

Прочитај Повеќе

Посета Чачак – 24 – 26/10/2023

Во периодот од 24-26.10.2023год, беше организирана работна посета на Институтот за овоштарство во Чачак, Република Србија, со цел продлабочување на повеќегодишната научна соработка од областа на овоштарството.

Прочитај Повеќе