Search
Close this search box.

Лабораторија за испитување на семе од земјоделски растенија

Во склоп на УКИМ Земјоделски институт – Скопје како самостојна единица функционира Лабораторијата за испитување на семе од земјоделски растенија (ЛИС). Лабораторијата за испитување на семе анализите ги врши согласно пропишани меѓународни стандарди и методи. Акредитирана е според стандардот МKC EN ISO/IEC 17025 и овластена од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за испитување на квалитетните својства на семето кај земјоделски растенија:

  • ‘ртливост на семето (енергија на ‘ртење и вкупна ’ртливост),
  • чистота на семето,
  • присуство на други видови и плевели,
  • влага,
  • апсолутна маса (маса на 1000 зрна).

 

Анализите во лабораторијата се вршат за научни и едукативни цели, како и на доставени примероци од инспекциските органи, правни и физички лица.

Лабораторијата располага со високостручен кадар и опрема (‘ртилиште, сушница, дигитални ваги, дигитален апарат за мерење на влага и хектолитарска маса, бројач на семе и др.).