Search
Close this search box.

Издавачка дејност

Промоцијата и дисеменацијата на научната работа низ годините на своето постоење, Институтот ја врши преку својата издавачка дејност. Таа започнува во 1952 година, само осум години по основањето, со објавување на првиот том од „Годишниот зборник на Земјоделскиот институт“.

Досега се објавени 29 тома на „Годишниот зборник“, еден том на „Годишниот зборник на Заводот за овоштарство“, три тома на „Годишниот зборник на Заводот за унапредување на лозарството и винарството“, еден „Зборник од конференцијата „Challenges in modern agricultural production” со меѓународно учество“, четири библиографии, четири монографии, шест каталози на сортите создадени во Институтот, голем број на самостојни публикации и брошури од научниот кадар.