Search
Close this search box.

Врзување и складирање на CO2 од атмосферата за подобрување на квалитетот на почвата

Период на имплементација: 2023 – 2026

Координатор: проф. д-р Душко Мукаетов (d.mukaetov@zeminst.edu.mk)

Одделение за педологија и агрохемија

Interreg Euro-MED Territorial diagnosis и SWOT анализите ја препознаваат деградацијата на почвата како една од значајните закани за стабилноста со храна во Медитеранскиот регион. Постојат голем број на податоци кои укажуваат на сигнификантно намалување на содржината на органската материја кај почвите од регионот на Медитеранот, во најголем дел како резултат на интензивното земјоделско производство во периодот на 20 век.

Преку проектот ,,Carbon4SoilQuality,, ќе се генерира знаењето и ќе се подготви основата за идните истражувања во полето на одржливото управување со почвите т.н ,,CO2 земјоделие,,. Преку проектните активности ќе се развијат стратегија и алатки за процесот на акумилирање на јаглеродот во почвата и нивно тестирање на 5-7 различни локации. Придобивките од истражувањето ќе бидат директно корисни во прв ред на земјоделските производители, стручните служби и сл.

Преку прифаќање и правилно спроведување на проектните активности со директна вклученост на академскиот кадар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, ќе бидат подобрени капацитетите на инволвирананата научна институција, ќе се овозможи доедукација во областа на ,,carbon sequestration,, и ,,carbon farming,, особено на младиот истражувачки кадар, публикување на резултатите од истражувањата во  реномирани научни списанија, препознатливост на Земјоделскиот институт и Универзитетот и др.