Search
Close this search box.

Д-р Ана Селамовска

Редовен професор

Проф. д-р Ана Т. Селамовска дипломирала во 1988 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје и наградена како најдобар студент, а магистрирала во 1994 год., на тема: „Развиток на репродуктивните органи кај некои сорти бадеми во услови на Скопско“. Докторирала во 2006 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на тема со наслов: „Модифицирани начини на производство на саден материјал кај јагодата и органогенеза на репродуктивните органи“. Од 1998 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент и раководител во одделението за јагодесто овошје, Оддел за овоштарство. По докторирањето во 2006 година е избрана за доцент. Во 2011 година е избрана за вонреден професор, а во 2017 година за редовен професор.

Денес проф. Селамовска е редовен професор во Одделението за овоштарство.

Научно истражување остварува во областите генетика и селекција на овошни видови, Помотехника, Генетски ресурси од овошни култури, органско производство на овошни култури, пропагација на растителен материјал.

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично производство на овошни култури.