Проф. д-р Добре Андов дипломирал во 1983 год. на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ на Земјоделски факултет во Скопје, 1987 год., на тема: „Морфолошко–биолошки и хемиско- технолошки својства на некои сорти ориз одгледувани како прва и како втора култура”. Докторирал во 2003 година на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет во Скопје на темата со наслов: „Наследување на квантитативните својства кај хибридите добиени со циклично крстосување кај оризот (Oryza sativa L.)”. Од 1985 год. е вработен во Институтот за ориз во Кочани, а од 1999 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделот поледелство, Одделение за житни култури. По магистрирањето во 1999 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2003 година е избран за научен соработник. Во 2008 е избран за вонреден професор, а во 2013 година, за редовен професор и реизбран во 2018 година. Во периодот од 1993 до 1999 год. бил директор на Институт за ориз во Кочани, а од 1999 до 2006 управител на опитно производниот објект во Кочани. Во периодот од 2009 до 2017 год. бил раководител на Одделението за житни култури, а од 2022 е раководител на одделението за поледелство.
Денес проф. Андов е редовен професор во Одделението за поледелство.
Научно истражување остварува во областите генетика и селекција на растителното производство житни култури (ориз и друго).
Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично производство на поледелски култури.