Проф. д-р Душко Неделковски дипломирал во 2008 год. на Хемиско-технолошки и металуршки универзитет во Софија, Р. Бугарија, а магистрирал на истиот универзитет во 2009 год., на тема: „Испитување на можностите од четири клона на сортата црн бургундец за добивање на високо квалитетни црвени вина со висока антиоксидантна активност”. Докторирал во 2018 година на Универзитетот за земјоделство во Пловдив, Р. Бугарија на тема со наслов: „Влијание на надморската висина и агротехника врз фенолниот и ароматниот профил на винската сорта Вранец”. Од 2011 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделението за лозарство. Во 2012 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2019 година е избран за научен соработник. Во 2023 година е избран за вонреден професор. Во периодот од 2013 до 2019 година бил раководител на Одделението за лозарство. Од 2019 е заменик Директор на УКИМ Земјоделски институт-Скопје.
Денес проф. д-р Неделковски е вонреден професор во Одделението за лозарство.
Научно истражување остварува во областите лозарство и енологија.
Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Анализа на вино и јаки алкохолни пијалоци, Технологија на јаки алкохолни пијалоци, Применето лозарство, Микробиологија со ензимологија, Органско и биодинамично производство на грозје и вино.