Д-р Лазо Димитров, дипломирал во 1999 година на УКИМ Земјоделски факултет во Скопје, а магистрирал на истиот факултет во 2009 година на тема: „Влијание на кредитната политика врз комерцијализација и специјализација на индивидуалните земјоделски стопанства во Република Македонија“. Докторирал во 2023 година на УКИМ Економски факултет во Скопје на темата со наслов: „Влијание на меѓународните пазари врз цените на земјоделско- прехранбените производи во Република Македонија”. Од 2013 година е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент во Одделението за Агро бизнис, економија и рурален развој. По докторирањето во 2023 година е избран во научен соработник. Во периодот од 2019 до 2023 година бил раководител на Одделението за Агробизнис, економија и рурален развој.
Научно истражување остварува во областите агроекономија и рурален развој.