Одделението за лозарство работи на постојана интродукција и колекционирање на автохотните, регионалните и интернационални сорти винова лоза и ги проучува нивните агробиолошки и технолошки својства во различни лозарски реони со цел да се подобри сортиментот во државата.
Во последните неколку години одделението посветува посебно внимание на локалните и автохтоните сорти. Исто така, се работи на селекција и хибридизација на постоечкиот материјал, со цел искористување на генетските ресурси како основа за добивање клонови и нови сорти винова лоза.
Одделението за лозарство изработува апликативни проекти врз основа на договорно – стручни услуги со институции или индивидуални земјоделски производители за подигнување нови и одржување на лозови насади во род, стручни совети и помош при имплементација на нови современи технологии во производството на винско и трпезно грозје, а исто така изготвува мислења и извештаи од стручни вештачења.
Одделението за лозарство врши стручна контрола на производството на лозов саден материјал по овластување од страна на МЗШВ (Сл. весник на РМ бр. 39/2006) на официјално регистрирани снабдувачи, потоа утврдување на потеклото и квалитетот на грозјето наменето за извоз и издавање соодветна документација.
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.
2018 – 2019 – Влијание на ампелотехничките мерки врз квалитетот на грозјето и вино од сортата Вранец. Научно-истражувачки проект финансиран од УКИМ – Скопје.
2019 – 2020 – Испитување на ‘ртливост кај примероци од различни видови земјоделски култури од ген-банката по одреден период на долгорочна (long term) конзервација, УКИМ.
2019 – 2021 – Inventory and measures to reduce greenhouse gas emissions within the Third Biennial Report on the agriculture and forestry sector (UNDP- Skopje).
2020 – Enhancing quality and quantity of Vitis genetic resources in AEGIS – ECPGR.
2020 – 2021 – Антиоксидантна активност на плодовите од автохтони сорти и популации од овошје, зеленчук и грозје. Научно-истражувачки проект финансиран од УКИМ.
2020 – 2021 – Enhancing quality and quantity of Vitis genetic resources in AEGIS (AEG-VIT-IS) – ECPGR.
2021 – Подобрување на квалитетот на јаките алкохолни пијалаци преку воведување на напредна технологија на дестилација. Предизвик за студенти иноватори финансиран од Општина Гази Баба.
2021 – “EIT Food Start-Up Awareness Event“, финансиран ос ЕIT Food, единица на Европскиот институт за иновации и технологии поддржан од Европската Унија, Forum for climate change adaptation and start-up opportunities.
2021 – 2022 – Содржина на бакар на лозовите насади во тивешкиот регион, УКИМ.
2022 – Ревитализација и комерцијализација на винската сорта станушина. Научно-истражувачки проект финансиран од Земјоделски институт – Скопје.
2022 – 2023 – Истражување на социоекономската состојба кај младите во руралните средини во Р. С. Македонија, УКИМ Земјоделски институт.
2021 – 2022 – Интернационален проект; Дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација FIELLDTEQ, развој и имплементација на MODUL VI – FIELLDTEQ AgriDay“, Компанија 8 ТЕК, ДООЕЛ Скопје. Проект–иновација во ФИТР, Скопје.
2023 – Increasing the efficiency of conservation of Vitis sylvestris genetic resources in EuropeActivity (Sylvestris) – ECPGR.