Проф. д-р Александар Марковски дипломирал во 1990 год. на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а магистрирал во 1998 год., на тема: „Биолошки карактеристики на кинеската урма (Zyziphus jujuba Mill.) и избор на подлоги за нејзино размножување”. Докторирал во 2008 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на темата со наслов: „Производни и квалитетни својства на семенци кинеска урма (Zyziphus jujuba Mill.)”. Од 1995 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделот за овоштарство, Одделение за јаболчесто овошје. По магистрирањето во 1998 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2008 година е избран за доцент. Во 2013 е избран за вонреден професор, а во 2018 година, за редовен професор. Во периодот од 2018 до 2021 год. бил раководител на Одделението за овоштарство на Земјоделскиот институт.
Денес проф. Марковски е редовен професор во Одделението за овоштарство.
Научно истражување остварува во областите селекција и размножување на овошните видови.