Search
Close this search box.

Д-р Марјан Андреевски

Редовен професор

Проф. д-р Марјан Андреевски дипломирал во 1988 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Земјоделскиот факултет во Скопје во 1996 год., на тема: „Состав на хумусот на почвите образувани врз варовници и доломити на планината Јабланица”. Докторирал во 2005 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на темата со наслов: „Услови за образување на лесивираните почви во Република Македонија и нивните својства”. Од 1990 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделот Поледелство и градинарство, Одделение за Педологија и исхрана на растенијата. По магистрирањето во 1996 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2005 година е избран за научен соработник. Во 2010 е избран за виш научен соработник, а во 2015 година, за редовен професор. Во периодот од 2010 до 2014 год. бил раководител на Одделението за педологија и агрохемија.

Денес проф. Андреевски е редовен професор во Одделението за Педологија и исхрана на растенијата.

Научно истражување остварува во областа педологија.

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Одржливо управување со почвени ресурси.