М-р Иво Митрушев дипломирал во 2013 година на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што и магистрирал во 2019 година, на тема со наслов: „Односот меѓу некои квалитетни својства на семето и потенцијалот за раст кај пченицата (Triticum аestivum L.)”. Од 2021 година е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент истражувач во Одделението за поледелство.
Научно истражување остварува во областа генетика и селекција на земјоделските култури.