Проф. д-р Биљана Коруноска дипломирала во 1996 год. на Земјоделски факултет во Скопје, а магистрирала на Земјоделски факултет во 2001 год., на тема: „Генотипското варирање кај трпезните сорти винова лоза како основа за нивното облагородување”. Докторирала во 2007 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на темата со наслов: „Ампелографска идентификација, проучување и колекционирање на автохтони сорти винова лоза во Р. Македонија”. Од 1999 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделот за лозарство и винарство, Одделение за лозарство. По магистрирањето во 2001 год. е избрана за асистент, а по докторирањето во 2008 година е избрана за доцент. Во 2018 е избрана за вонреден професор, а во 2023 година, за редовен професор. Во периодот од 2008 до 2013 год. била именувана за директор на Државната фитосанитарна лабораторија, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Р. Македонија.
Денес проф. Коруноска е редовен професор во Одделението за лозарство.
Научно истражување остварува во областите: лозарство, ампелографија, органографија, генетика и селекција на растителното производство, енологија, органско земјоделско производство, одржливо земјоделство и др.
Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Применето лозарство, Ампелографија, Органско и биодинамично производство на грозје и вино, Тероар и микроклиматски услови при производство на вино.