Еко-подобни и природни решенија за намалување на деградацијата на почвата, EcoBASE

Времетрање: 36 месеци (1 Септември 2024 – 31 Август 2027)

Координатор: проф. д-р Душко Мукаетов, Одделение за педологија и агрохемија, УКИМ Земјоделски институт, Скопје

Партнер од ЕУ: University of PATRAS – Department of Agriculture, Greece

Проектот ECOBASE има за цел да создаде мрежа помеѓу универзитетите, раководните субјекти и креаторите на политики, со цел изработка на стратегија и добри применливи практики од суштинско значење за зачувување и заштита на природата, биолошката разновидност и зелена инфраструктура, вклучувајќи ги руралните и урбаните средини, а притоа намалувајќи ги сите форми на загадување и деградација на почвата.

Деградацијата на почвата е причина за аларм, бидејќи е суштински екосистем поврзан со производството на храна, енергија, суровини, врзување на јаглерод, прочистување на водата и регулација на хранливи материи.

Главните проблеми поврзани со почвите во ЕУ се неповратните загуби поради зголемување на засоленоста на почвата, нејзино запечатување и ерозијата, како и постојаната деградација како резултат на локализирана и дифузната контаминација (закиселување, зголемена содржина на тешки метали и органски загадувачи). Загубите и влошувањето на почвените ресурси во Европа, а особено во Јадранско-јонската област ќе продолжи и веројатно ќе се зголемува поради негативното влијание на климатските промени, промените во користењето на земјиштето и другите човечки активности.

Проектот има за цел да создаде дигитална платформа за учење за сите земјоделски производители, поврзана со нов земјоделски советодавен систем и палета на земјоделски алатки кои би помогнале да се следи и имплементира Стратегијата за почвите на ЕУ.

Главната цел е на индивидуалните земјоделци да им се обезбедат сите потребни алатки и знаења кои го олеснуваат прилагодувањето на современите, одржливи и ефикасни земјоделски техники.

Во рамки на проектот ECOBASE, ќе бидат спроведени два т.н пилар проекти:
1. Одржливо управување на почвите од страна на фармерите
2. Методологија за ремедијација на почвите

Очекувани резултати од проектните активности:
• Методологија, оперативни процедури и основна опрема во областа на следење, зачувување и заштита на почвата.
• Анкетен формулар за проценка на деградацијата на почвата.
• Гео-база исполнета со податоци за почвата врз основа на анализа на почвата, мерења со сензори. Податоците ќе се визуелизираат и споделуваат преку ГИС платформата.
• Структурирана бази на податоци од собрани метаподатоци.
• Алатки за земјоделците кои помагаат во следењето на состојбата на почвата.
• Програма за обука на фармери, искористувајќи ги предностите на мултидисциплинарните вештини на партнерите.