Нова публикација: Агро-екотуризмот како инструмент за диверзификација и развој наруралната економија во РС Македонија

УКИМ, Земјоделски институт – Скопје ја објави студијата „Агро-екотуризмот како инструмент за диверзификација и развој на руралната економија во РС Македонија: анализа, предизвици и можности“. Студијата е подготвена во рамки на проектот „Заживување на традицијата и зачувување на природата“, финансиран од Словенечката амбасада и Фондот за развој при Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.

Студијата има 160 страници и ги обединува стратешките документи, статистичките податоци, законската и институционалната рамка и теренското истражување со 79 земјоделски домаќинства. Таа ги разгледува и трендовите во ЕУ, ги споредува моделите на Италија, Австрија и Словенија и завршува со SWOT анализа.

Според наодите, земјава има значајни компаративни предности: агробиодиверзитет, традиционални практики, автентична гастрономија и разновидни пејзажи. Домаќинствата се мотивирани да се вклучат во агро-екотуризмот, но развојот го кочат сложените процедури, слабата инфраструктура, ограничениот пристап до финансии и недостигот на знаења.

Студијата дава и конкретни препораки:

  • национална стратегија за туризам што го вклучува агро-екотуризмот
  • признавање на агро-екотуризмот како дополнителна дејност на стопанствата
  • посебен регистар на агро-екотуристички субјекти
  • унифицирани процедури во сите општини
  • стандарди за квалитет и категоризација на руралните сместувачки капацитети
  • поддршка за жените и младите во руралните средини

Уредник: д-р Лазо Димитров

Автори: Др Лазо Димитров, Др Марија Ѓошева-Ковачевиќ, Др Билјана Дрвошанова, Мр Деспина Поповска Стојанов (Земјоделски Институт – Скопје), Владо Србиновски, Зоран Тодоровски, Златко Еделински и Др Лазар Павиќ (Земјоделски Институт – Словенија)

ISBN: 978-608-66945-4-8

Останати Новости

Хранливи и лековити самоникнати овошни видови

Во рамки на научноистражувачкиот Проект „Етноботаничко истражување на самоникнати овошни видови“ финансиран од интегративните средства на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, изработена е Монографија

Прочитај Повеќе

Нова публикација за агро-екотуризам: теоретски основи, практични чекори и успешни примери

Со големо задоволство ја информираме јавноста, научната и стручната заедница, руралните домаќинства и сите чинители во руралниот развој за објавувањето на новата публикација: „АГРО-ЕКОТУРИЗАМ: ТЕОРЕТСКИ

Прочитај Повеќе