Д-р Милена Тасеска-Ѓорѓијевски дипломирала во 2004 год. на Природно-матемтички факултет, Институт за хемија, а магистрирала на истиот факултет во 2009 год., на тема: „Методи за определување на траги од елементи во минерали и соли на бакар, железо и манган со неутронска активациона анализа и атомска апсорпциона спектрометрија”. Докторирала во 2014 година на Природно-математички факултет, Институт за хемија, во Скопје на тема со наслов: „Методи за определување на траги од елементи во минерали и соли со спектроскопски и радиохемиски техники“. Од 2011 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделението за винарство. Во 2012 год. е избрана за асистент, а по докторирањето во 2015 година е избрана за научен соработник. Во 2020 година е избрана за виш научен соработник. Во периодот од 2013 година досега е раководител на Лабораторијата за вино и алкохолни пијалоци, а од 2022 година е и раководител на Одделението за винарство.
Денес д-р Тасеска-Ѓорѓијевски е виш научен соработник во Одделението за винарство.
Научно истражување остварува во областите хемија/аналитичка хемија.
Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Анализа на вино и јаки алкохолни пијалоци, Хемија на виното, Технологија на вино, Применета енологија