Search
Close this search box.

Д-р Марија Ѓошева – Ковачевиќ

Научен соработник

Д-р Марија Ѓошева Ковачевиќ дипломирала во 1999 год. на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, и магистрирала на истиот Факултет во 2012 год., на тема: „Анализа на успехот во работењето на производителите на јаболка во Пелагонискиот регион”. Докторирала во февруари, 2021 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје на темата со наслов: „Управување со ресурсите и нивното влијание врз социоекономската состојба на руралните домаќинства во Република Македонија – студија на случај во Полошки и Пелагониски Регион во Република Македонија”. Во 2021 год. е вработена на Земјоделскиот институт – Скопје како асистент истражувач. По докторирањето, во декември истата година е избрана во звањето научен соработник на Земјоделскиот институт – Скопје во научната област економика на земјоделството и развој. Од февруари, 2022 год. е раководител на Одделение за Агробизнис, економија и рурален развој на Земјоделскиот институт.

Денес д-р Ѓошева-Ковачевиќ е научен соработник во Одделението за Агробизнис, економија и рурален развој.

Научно истражување остварува во областите агроекономија и рурален развој.