Search
Close this search box.

Д-р Биљана Дрвошанова

Научен соработник

Д-р Биљана Дрвошанова дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во 2009 год. на градинаро-цвеќарска насока, каде и магистрирала на тема: „Калемење – перспективен начин за производство на расад од зеленчук“ во 2012 година. Во 2023 година докторира на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на тема: „Оцена на генетскиот диверзитет на локални сорти пиперка (Capsicum annuum L.) од Република Северна Македонија“. Во 2013 година станува дел од Земјоделскиот институт во Скопје, каде е избрана за помлад асистент во областа зеленчук. По докторирањето во 2023 е избрана за научен соработник и раководител на Одделението за градинарство.

Денес д-р Дрвошанова е научен соработник во Одделението за градинарство.

Научно истражување остварува во областите: производство на зеленчук (расадопроизводство, одржливи практики), растителни генетски ресурси и адаптација на земјоделството кон климатските промени.