Во склоп на УКИМ Земјоделски институт – Скопје како самостојна единица функционира Лабораторијата за испитување на семе од земјоделски растенија (ЛИС). Лабораторијата за испитување на семе анализите ги врши согласно пропишани меѓународни стандарди и методи. Акредитирана е според стандардот МKC EN ISO/IEC 17025 и овластена од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за испитување на квалитетните својства на семето кај земјоделски растенија:
Анализите во лабораторијата се вршат за научни и едукативни цели, како и на доставени примероци од инспекциските органи, правни и физички лица.
Лабораторијата располага со високостручен кадар и опрема (‘ртилиште, сушница, дигитални ваги, дигитален апарат за мерење на влага и хектолитарска маса, бројач на семе и др.).
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.