Search
Close this search box.

Лабораторија за
заштита на растенијата

Лабораторијата за серолошка и молекуларна дијагностика на болести, штетници иплевели на растенијата припаѓа во рамки на одделението за заштита на растенијата.

Лабораторијата постои од основањето на одделението, а од август 2023 година, во рамкина ЕУ проектот за Обновување на капацитетите на Ген Банката, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е обновена и проширена со нова опрема за серолошка и молекуларна детекција.

Од опрема, лабораторијата располага со ELISAREADER (читач), ELISA WASHER (мијач на плочи), PCR апарат, Real-Time PCR апарат, хомогенизатор, вортекс, центрифуга, магнетна мешалка, термостат, стереомикроскоп, аналитичка вага, хоризонтална електрофореза, камера за сликање на гел, микробранова печка, дигестор и фрижидер со замрзнувач.

Како дел од одделението за заштита, таа е вклучена при изработка на научноистражувачките и апликативни дејности на одделението. Во лабораторијата се врши:

  • Идентификација на штетници, болести и плевели кај растенијата
  • Серолошка детекција на растителни вируси
  • Молекуларна детекција на растителни вируси и организми слични на вирусите

Лабораторијата активно соработува и со останатите одделенија во рамки на Институтот, а вклучена е и во меѓуинституционални соработки. Активно е ангажирана и за потребите кои произлегуваат од одржувањето на семенските колекции од Ген Банката.