Апликативната дејнос на Земјоделскиот институт-Скопје вклучува широк спектар на активности насочени кон подршка на земјоделскиот сектор, унапредување на земјоделските практики, подобрување на технологиите за производство и одржливост на земјоделието.
Преку оваа дејност институтот придонесува за развој на политики со обезбедување на препораки, засновани на истражување, до владиниот сектор. Активно е вклучен во програмите за поддршка и едукација на земјоделците, засегнатите страни и целокупната јавност. Особено за примена на новите земјоделски практики.
Овие активности колективно придонесуваат за унапредување на земјоделските науки, подобрување на продуктивноста, одржливоста и отпорноста наспроти предизвиците како што се климатските промени и глобалната безбедност на храната.
Поважни активности кои се вклучени во апликативната дејност на институтот:
Во периодот на своето постоење Земјоделскиот институт-Скопје има реализирано голем број на проекти кои претставуваат предизвик на национално, регионално и меѓународно ниво.
Плодната соработка со компании, здруженија и индивидуални производители на национално и меѓународно ниво само го потврдува реномето на Земјоделскиот институт како доверлив, проверен и баран партнер.
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.