Лабораторија за контрола на почва, ѓубрива и растителен материјал

Лабораторијата за контрола на почва, ѓубрива и растителен материјал припаѓа во рамки на одделението за педологија и агрохемија. Од 2018 год. лабораторијата е акредитирана според ISO 17024:2018, од страна на Институтот за акредитација при Р.С. Македонија.
Лабораторијата е вклучена при изработка на научноистражувачките и апликативни дејности на одделението, а на сите заинтересирани корисници им нуди услуги од областа на лабораториски анализи на:

  • почва,
  • ѓубрива
  • растителен материјал.
Анализите во лабораторијата се вршат за научни и едукативни цели, како на доставени примероци од инспекциските органи, така и на примероци од правни и физички лица. Стручниот тим од лабораторијата врши и самостојно земање на примероци, со користење на современа опрема (Eijkelkamp Auger Set for Heterogeneous Soils; GPS, Garmi Montana 700 и др.).

Најзначајна опрема во лаборатријата:

  • pH метар, HACH SensiON pH3;
  • EC метар, Jenway 3540;
  • Сушница, Memmert UN55;
  • Пламенфотометар, Jenway pFp7;
  • Спектрофотометар, Hewlett Packard 8453;
  • Атомски апсорпционен спектрометар;
  • Микробранова печка, Ethos easy-Milestone connect;
  • Дестилатор за азот, Biob.Scientific и др.

 

Лабораторијата активно соработува и со останатите одделенија во рамки на Институтот, а вклучена е и во многубројни меѓуинституционални соработки.