Во рамките на Одделението за винарство функционира Лабораторија за вино и алкохолни пијалаци (ЛВАП), акредитирана по МКС EN ISO/IEC 17025:2018, која се придржува кон сите ресурсни и процесни барања на системот за управување. Истата е овластена од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за вршење контрола на вино и алкохолни пијалаци за пуштање во промет во државава и странство.
Лабораторијата поседува компетентен персонал за управување со лабораториските активности, кој делува непристрасно, работи во согласност со системот за управување, има слободен пристап до нормативни и технички документи и поседува компетенции клучни за квалитетот на тестирањето. ЛВАП располага со сопствен простор за извршување на лабораториските активности, со обезбедени работни услови кои не го загрозуваат квалитетот на тестирањето.
Методите за тестирање се валидирани/верификувани и се соодветни за употреба. Квалитетот на тестирањето се обезбедува и со проценка на мерната неодреденост, при што лабораторијата ги зема во предвид сите придонеси кои се од значење за методата. Обезбедување на валидност на резултатите се врши и преку учество во ПТ шеми, меѓулабораториски и внатрешнолабораториски
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.