Проф. д-р Христина Попоска

Редовен професор

Д-р Христина Попоска дипломирала во 2005 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје, а магистрирала на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје во 2011 год., на тема „Влијание на фолијарното ѓубрење врз приносот и квалитетот кај пченката во Скопскиот регион”. Докторирала во 2016 година на истиот факултет, на темата со наслов „Влијание на фолијарното ѓубрење врз приносот и квалитетот кај сортите винова лоза – кардинал и афус али”. Од 2011 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделението за Педологија и агрохемија. По магистрирањето во 2014 год. е избрана во звањето асистент, а по докторирањето во 2016 година е избрана за научен соработник. Во 2021 год. е избрана за виш научен соработник. Во периодот од 2018 до 2022 год. била раководител на Лабораторијата за контрола на почва, ѓубрива и растителен материјал, а од декември 2022 год. е раководител на Одделението за педологија и исхрана на растенија.

Денес д-р Попоска е виш научен соработник во Одделението за педологија и исхрана на растенијата.

Научно истражување остварува во областите: плодност на почва, исхрана на растенија, физиологија на растенија, ѓубрива и ѓубрење, деградација на почва, климатски промени и нивно влијание врз почва и растенија и др.

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Плодност на земјиштето и ѓубрење во органското производство, Климатска варијабилност и ранливост на органското производство, Одржливо управување со почвените ресурси и Тероар и микроклиматски услови при производство на вино.