Д-р Марија Ѓошева – Ковачевиќ

Научен соработник

Д-р Марија Ѓошева Ковачевиќ дипломирала во 1999 год. на Факултетот за земјоделски науки
и храна во Скопје, и магистрирала на истиот Факултет во 2012 год., на тема: „Анализа на
успехот во работењето на производителите на јаболка во Пелагонискиот регион”. Докторирала
во февруари, 2021 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во
Скопје на темата со наслов: „Управување со ресурсите и нивното влијание врз
социоекономската состојба на руралните домаќинства во Република Македонија – студија на
случај во Полошки и Пелагониски Регион во Република Македонија”. Во 2021 год. е вработена
на Земјоделскиот институт – Скопје како асистент истражувач. По докторирањето, во декември
истата година е избрана во звањето научен соработник на Земјоделскиот институт – Скопје во
научната област економика на земјоделството и развој. Од февруари, 2022 год. е раководител
на Одделение за Агробизнис, економија и рурален развој на Земјоделскиот институт.

Денес е научен соработник во Одделението за Агробизнис, економија и рурален развој.

Научно истражување остварува во областите агроекономија и рурален развој.