Градинарство

Научно-истражувачка дејност

Одделението за градинарство научно истражувачката дејност ја фокусира на унапредување на секторот градинарство. Истражувања се главно насочени кон зголемување на отпорноста на производството кон климатските промени, како и кон примена на современи технологии за производство на расад од градинарски култури. Значаен дел од активностите се насочени кон собирање, конзервација, регенерација и карактеризација на растителни генетски ресурси од зеленчук како дел од Ген банката при Земјоделскиот институт – Скопје.

Апликативна дејност

Во однос на стручно-апликативната дејност, одделението има овластување да врши стручна контрола на производството на материјал за размножување и саден материјал од градинарски и украсни растенија. Врз основа на договори за деловно-техничка соработка нуди услуги за институции или индивидуални земјоделски стопанства за стручни совети, помош при имплементација на современи технологии, издавање стручни мислења итн.

Капацитети и ресурси

Одделението за градинарство располага со експериментална оранжерија со површина од 100m2 во Скопје, како и површини за демонстративни опити во Кочани.
Д-р

Биљана Дрвошанова

Научен соработник

Раководител на одделение

М-р

Афродита Ибушовска

Виш Лаборант

Одделението за градинарство во последниот период зема учество во реализација на повеќе меѓународни и национални проекти

Утврдување на здравствениот статус на 10 локални сорти везена пиперка од ген банката, регенерација на семенскиот материјал и евалуација на приносните компоненти. Финансиран од УКИМ, Земјоделски институт – Скопје. 2023

GIZ GmbH – Promotion of Economic Diversification in Rural Areas of South Eastern Europe (SEDRA II) in SEE- Evidence Based Policy development. Regional Rural Development Standing Working Group in South Eastern Europe – SWG, 2023

Истражување на социоекономската состојба кај младите од руралните средини во Македонија. Финансиран од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2023

Корелација помеѓу макро и микроелементите во системот почва – растение. Финансиран од Министерство за образование и наука. 2021-2023

Horizon 2020 – Accelerating circular bio-based solutions integration in European rural areas – Biorural, 2022

European Institute of Innovation & Technology (EIT) – Food Sturt-up Awareness and Business planning, 2021-2022

Food and Agriculture Organization of the United Nations – Creating enabling environments for enhanced climate resilience in agriculture, 2021-2022

Центар за дигитално земјоделство, Финансиран од Фонд за Иновации и Технолошки Развој на Р.М имплементиран од АгФутура технологии Скопје. 2021-2022

We Effect – From Disability to Food Ability, 2019-2021

Испитување на ‘ртливост кај примероци од различни видови земјоделски култури од ген-банката по одреден период на долгорочна (long term) конзервација. Финансиран од Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2019-2020

GEF – Country Programme Strategy for Global Environment Facility Small Grants Programme (GEF SGP) for OP7, 2019

ЕПС Иновативен Развојно-Истражувачки Технолошки Систем (Технологија за Истражување и Развој на нови производи од експандиран полистирен со неограничен изглед и форма. Финансиран од Фонд за Иновации и Технолошки Развој на Р.М имплементиран од ДПТ Усјепор ДООЕЛ Скопје и УКИМ Земјоделски институт Скопје. 2018-2020