Научно- истражувачката работа на оделението за поледелство главно се одвива преку проекти, финансирани од национални и меѓународни средства. Фокусот на истражувањата се насочени кон проучување и изнаоѓање на практични решенија за проблемите кои се поврзани со производството на поледелските, а пред се житните растенија (пченица, ориз, пченка, јачмен, тритикале и др.).
За решавањето на проблемите во производството на житните култури и останатите поледелски култури, истражувањата на одделението преку полски експерименти и лабораториски анализи се насочени кон проучување и воведување на нови сорти во производството. Новите сорти потребно е да одговорат на предизвиците на климатските промени, примената на новите технологии за производство и потребите и барањата на пазарот. За таа цел одделението создава нов генетски материјал, врши постојана интродукција и колекционирање на истиот и негово проучување.
Издавачката дејност на одделението за поледелски култури не е самостојна туку таа се одвива во состав на Институтот, преку издавање на зборници, библиографии, каталози, самостојни публикации и др.
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.
2023 – Springer Nature Meteor Project. Plant Gene Banks: Genetic Resources Collections, Conservation and Sustainable Utilization.
2023 – Мониторинг на житните стеници (Eurygaster spp. и Aelia spp.) – штетници на квалитетот на пченицата, во различни региони во Македонија. Финансиран од УКИМ Земјоделски институт – Скопје).
2022 – 2023 – Спроведување на полски и лабораториски испитувања кај нови странски сорти ориз (Oryza sativa L.) во услови на Kочанската котлина. Финансиран од УКИМ Земјоделски институт – Скопје).
2019 – 2020 – Испитување на ’ртливост кај примероци од различни видови земјоделски култури од ген-банката по одреден период на долгорочна (long-term) конзервација. Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје.
2019 – “Introduction and Implementation of Common market organization measures” The European Union’s IPA/2015/037/907 EuropeAid/139105/DH/SER/MK
Marketing Standards for Cereals (Wheat, Corn and Rice) – Functional Analysis.