Основната улога и задача на Одделението за винарство првенственo e научно-истражувачката работа во областа на винарството. Научниот кадар на Одделението за винарство учествува во рамките на II циклус студии на студиската програма – Eнологија.
Апликативната дејност на одделението е најобемна -вршењето на физичко- хемиски анализи и утврдување на квалитет на виното, алкохолните пијалаци и производите од грозје, за издавање соодветна документација за пуштање во промет или извоз надвор од границите на нашата држава. Контрола на квалитет на вино и алкохолни пијалоци наменети за извоз е законска обврска, регулирана во поголем број законски и подзаконски акти. Одделението за винарство уште од раните седумдесетти години е овластено за вршење на дејностa од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во рамките на Одделението за винарство има Лабораторија за вино и алкохолни пијалоци, акредитирана по МКС EN ISO/IEC 17025:2018. Одделението за винарство, како и Лабораторијата за вино и алкохолни пијалоци поседува современа апаратура и опрема и располага со сите потребни простории.
Издавачката дејност на Одделението за винарство се одвива тимски, заедно со другите одделенија.
Вработените од Одделението за винарство како резултат од научно-истражувачката работа имаат издадено бројни научни и стручни трудови, печатени во домашни и странски списанија, списанија со меѓународни уредувачки одбори и со фактор на влијание, зборници и сл. Во последните 5 години, Одделението за винарство зеде учество во неколку национални проекти, како и во организација и предавања на научни конференции.
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.