Во глобалната економија, квалитетот на храната која се произведува, стандардите, примена на добрата земјоделска пракса, преработката на земјоделските производи, складиштењето и маркетингот се аспекти кои се од исклучително значење за земјоделските производители, а со самото тоа и за едукација во областа на земјоделството.
Во рамките на образованието и обуките, треба да бидат земени предвид сите нови трендови во едукативниот процес и нивното социо-економско значење. Исто така, од не помало значење е зголемената грижа за заштитата на човековата околина и заштитата на природните ресурси како теми за настава по предметите како: заштита на растенијата и интегрирано управување со штетници, рационална употреба на ѓубрива и сл. Учесниците во секторот мораат да поседуваат современи знаења и вештини за да градат современ однос кон одржливиот земјоделски и рурален развој.
Во текот на прилагодувањето на Институтот кон современите потреби на земјоделството, руралниот развој и заштитата на човековата околина, идентификувани во текот на долгогодишното работење и комуникација со праксата, се лоцира потребата од дополнување на постоечкиот втор образовен циклус во Земјоделскиот институт. Предложената програма за студирање припаѓа на подрачјето земјоделски и ветеринарни науки. Со својот кадар, како и со кадарот од сродните институциии, се покриваат неколку актуелни области од растителното производство и преработка.
Вториот образовен циклус е организиран во согласност со критериумите на Болоњската декларација. Магистерските студии на Земјоделскиот институт се акредитирани и истите комплетно се реализираат на македонски јазик.
Земјоделскиот институт во континуитет одржува и тренинг курсеви, семинари и обуки, прилагодени за разни целни групи.
Земјоделски Институт, 2024 © Сите права се резервирани.