Посета Стара Винова Лоза 21/10/2023

Професорот д-р Виктор Ѓамовски, директор на Земјоделскиот институт во Скопје, ја посети 400 години старата винова лоза народно позната како Жаметна чрнина или Модра кавчина, која расте и се одгледува пред т.н. Куќа на старата лоза во Марибор. Посетата беше искористена и за средба со поранешниот словенечки амбасадор г-дин Милан Предан, во пензија. За време на неговиот мандат оваа стара сорта беше засадена и во дворот на Земјоделскиот институт заедно со автохтоната македонска сорта Станушина, како резултат на добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Словенија и зачувување и славење на заедничкото природно наследство.

Останати Новости

Нова публикација за агро-екотуризам: теоретски основи, практични чекори и успешни примери

Со големо задоволство ја информираме јавноста, научната и стручната заедница, руралните домаќинства и сите чинители во руралниот развој за објавувањето на новата публикација: „АГРО-ЕКОТУРИЗАМ: ТЕОРЕТСКИ

Прочитај Повеќе