Search
Close this search box.

Д-р Винко Станоев

Редовен професор

Проф. д-р Винко Станоев дипломирал во 1990 год. на Земјоделски факултет во Скопје, а магистрирал на истиот факултет во 2000 год., на тема: „Морфолошките и производствените карактеристики на некои сорти тврда пченица Tr. Durum”. Докторирал во 2007 година на УКИМ Факултет за земјоделски науки и храна на темата со наслов: „Морфолошки, биолошки и продуктивни особини на некои хибриди сирак (Sorgum vulgare Pers.) во Скопско”. Од 1991 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделението за житни култури. По магистрирањето во 2001 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2007 година е избран за доцент. Во 2012 год. е избран за вонреден професор, а во 2017 година за редовен професор.

Денес проф. Станоев е редовен професор во Одделението за поледелство.

Научно истражување остварува во областите генетика и селекција на растително производство.

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично производство на поледелски култури.