Search
Close this search box.

Д-р Гордана Глаткова

Редовен професор

Проф. д-р Гордана Глаткова дипломирала во 1997 год. на Земјоделкиот факултет во Скопје, а магистрирала на Земјоделскиот факултет во 2003 год., на тема: „Чувствителност на некои сорти боранија кон некои хербициди”. Докторирала во 2010 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на темата со наслов: „Чувствителност на некои сорти јачмен кон некои понови хербициди во зависност од фазите на развој”. Од 2000 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, во Одделението за Семеконтрола. Во 2008год. е избрана за асистент во Одделението за заштита на растенијата, а по докторирањето во 2011 година е избрана за доцент. Во 2016 е избрана за вонреден професор, а во 2020 година,за редовен професор. Во периодот од 2016 до денес е назначена за Менаџер за квалитет и Раководител на Лабораторијата за испитување на семе.

Денес д-р Глаткова е редовен професор во Одделението за заштита на растенијата.

Научно истражување остварува во областa хербологија (биологија и екологија на плевелите, интегрална заштита од плевели, заштита од плевели во органското земјоделство, хербициди и нивна примена).

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Заштита на растенијата во органско и биодинамично производство и Законска регулатива во органското производство.