Д-р Катерина Банџо Орешковиќ дипломирала во 2007 год. на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, магистрирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во 2010год., на тема: „Црешова мува (Rhagoletis cerasi L.) и влијание на некои карактеристики на сорти цреши врз процентот на заразеност на плодовите”. Докторирала во 2015 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на темата со наслов: „Молекуларна карактеризацијана CMV, AAMV и PVY кај пиперката одгледувана на отворено во Р. Македонија”. Од 2011 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделението зазаштита на растенијата. Во 2014 год. е избрана за асистент, а по докторирањето во 2015 година е избрана за научен соработник. Во 2020 год. е избрана за виш научен соработник.
Денес д-р Орешковиќ е виш научен соработник во Одделението за Заштита на растенијата.
Научно истражување остварува во областите фитопатологија и вирусологија.
Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Заштита на растенијата во органско и биодинамично производство, Климатска варијабилност и ранливост на органското производство и Карантински болести и штетници во органското производство.