Search
Close this search box.

Научен совет

Членови на Научниот совет се лица избрани во наставно-научни и научни звања. Во работата на Научниот совет учествува и секретарот, без право на одлучување.

Надлежности и одлучување на Научниот совет:

  • донесува статут на Институтот;
  • донесува тригодишна програма за развој и годишна програма за работа;
  • избира директор и му ја доставува одлуката за избор на Сенатот за потврдување,
  • избира заменик-директор;
  • избира членови во Сенатот;
  • му предлага на Сенатот студиски програми;
  • донесува програма за научноистражувачка работа;
  • врши избор во научни, наставно-научни и соработнички звања;
  • предлага број на студенти кои се запишуваат на, втор и трет циклус студии;
  • донесува одлука за распоред на работни задачи за наставниците и соработниците за секоја академска година;
  • го усвојува финансискиот план и донесува завршна сметка (финан­сискиот годишен извештај) во рамките на единствениот финансиски план на Универзитетот и консолидираната завршна сметка на Универзитетот;
  • му предлага на Универзитетот, односно кога тоа е определено со закон, на основачот, измена или проширување на дејноста во согласност со закон;
  • ги донесува општите акти на Институтот;
  • донесува мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
  • донесува мерки и одлучува за унапредување на наставната, научноистражувачката и применувачката работа и за компју­терската мрежа;
  • избира и разрешува секретар на Институтот;
  • ги избира членовите на комисијата за самоевалуација и донесува упатство за евалуација на Институтот во согласност со Правилникот за стандардите и постапката за самоевалуација и над­ворешна евалуација што го донесува Националниот совет за високото образование и Упатството на Универзитетот;
  • одлучува за библиотеката, за библиотечно-информацискиот систем и за остварувањето на библиотечно-информациската и документационата дејност, во согласност со Статутот на Универзитетот и овој Статут;
  • одлучува за организирање на меѓународни собири, симпозиуми, советувања и слично;
  • одлучува за остварувањето на меѓународната соработка согласно со Статутот на Универзитетот и овој Статут;
  • Ја разгледува иницијативата за предвремено престанување на изборот;
  • Одобрува отсуства од работа на наставниот и соработничкиот кадар;
  • Утврдува потреба од нови наставно-научни работници и соработници;
  • Распишува конкурс за прв избор на наставно-научни, научни, насловни и соработнички звања и засновање на работен однос на лица кои се избрани за прв пат во соодветното звање, освен за насловните звања;
  • Им дава согласност на наставниците и соработниците за изведување настава на друг факултет;
  • Дава мислење до Сенатот заради добивање согласност наставниците и соработниците од Институтот да можат да изведуваат настава на друг универзитет;
  • Избира свои претставници во Одборот за соработка и доверба со јавноста;
  • Избира членови на дисциплинската комисија за одговорност на студентите;
  • По претходно добиено одобрение од Ректорската управа поканува визитинг-наставници, афирмирани научници и стручњаци од практиката;
  • Склучува договори за соработка со странски универзитети согласно со Законот за високото образование;
  • Одлучува за склучување на договори за двојна диплома (double degree) или заедничка студиска програма (joint degree) согласно со Законот за високото образование;
  • Организира различни облици на неформално учење согласно со Законот за високото образование;
  • Избира членови на рецензентски и други комисии;
  • Донесува одлука за започнување на постапката за избор на директор;
  • Формира изборна комисија за спроведување постапка за избор на директор;
  • Донесува деловник за работа на органите и телата на Институтот;
  • Врши и други работи утврдени со закон, Статутот на Универзитетот, со овој Статут и со другите акти на Универзитетот и на Институтот.