Ерасмус+ програма за индивидуална мобилност на наставен кадар

Преку програмата Ерасмус+ за индивидуална мобилност на наставен кадар, во периодот 24 – 29. 03. 2025 година, Проф. д-р Биљана Коруноска, од УКИМ Земјоделски институт – Скопје, оствари студиски престој во Институтот за лозарство и винарство, на Универзитетот BOKU, Виена, Р. Австрија.

Во рамките на овој престој таа одржа неколку предавања од областа на лозарството и винарството, а исто така одржа краток семинар во кој ги презентираше македонските автохтони сорти грозје и македонските вина поврзани со македонската традиција и култура. Во склоп на оваа посета се посетија неколку винарски реони и неколку винарии каде се дегустираа најмногу локални австриски вина и вина од линијата Италијански ризлинг и Сив бургундец (Pinot grigio).

Во институтот, проф. Коруноска ги посети лабораториите и оранжериите за in vitro размножување на виновата лоза и се одржаа неколку работни состаноци во кои беа разменети стручни мислења, иновативни идеи и искуства како почеток за понатамошна успешна научна соработка на двата института.

Извор: BOKU IWOB

Останати Новости

Гостување на Проф. Д-р Климе Белески на одбележувањето на денот на Македонската Автохтона сорта винова лоза Станушина во Кавадарци

Денот на македонска автохтона сорта винова лоза Станушина, на 09.05.2026 година, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во

Прочитај Повеќе

Соопштение

На 06.04.2024 година (понеделник) во 11:00 часот во Салата за состаноци при Земјоделскиот институт ќе се одржи јавна одбрана на магистерска работа под наслов: ВЛИЈАНИЕТО

Прочитај Повеќе