Search
Close this search box.

Д-р Јулијана Цветковиќ

Редовен професор

Проф. д-р Јулијана Цветковиќ дипломирала во 1981 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а магистрирала на истиот факултет во 1997 година, на тема: „Спектроскопско испитување на манифестациите на водородното сврзување кај изоморфни односно изоструктурни кристалохидрати”. Докторирала во 2002 година на Природно- математичкиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Развој и модификација на методи за определување на тешки метали во вина со електротермичка атомска апсорпциона спектрометрија”. Од 1984 год. е вработена во Институт за овоштарство како стручен соработник, а од 1997 во Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент во Одделението за заштита на растенијата. По докторирањето во 2002 година е избрана за научен соработник. Во 2007 година е избрана за вонреден професор, а во 2012 година, за редовен професор. Во периодот од 2007 до 2020 год. била раководител на Сектор за образование и наука на Институтот. Од 2020 година избрана е за раководител на Одделението за заштита на растенијата.

Денес проф Цветковиќ редовен професор во Одделението за заштита на растенијата.

Научно истражување остварува во областите аналитичка хемија, безбедност на храна, заштита на човековата околина.