Бари 11/05/2023

На 11.05.2023 година во Бари, Италија беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје и International Centre for Advanced Mediterranean Agronomic Studies – Mediterranean Agronomic Institute of Bari (CIHEAM Bari).

Меморандумот се однесува на спроведување на проекти за соработка и колаборативни применети истражувања, размена на научници и експерти, како и заедничка организација на семинари, работилници, конференции и професионални обуки од областите од заеднички интерес на двете страни, односно: управување со почвата и водите, интегрирано управување со култури и штетници, органско земјоделство, одржливи агро-екосистеми, отворени иновации и младинско претприемништво во земјоделско-прехранбениот сектор и прецизно земјоделство, економија, менаџмент и развој на руралните територии.

Останати Новости

Нова публикација за агро-екотуризам: теоретски основи, практични чекори и успешни примери

Со големо задоволство ја информираме јавноста, научната и стручната заедница, руралните домаќинства и сите чинители во руралниот развој за објавувањето на новата публикација: „АГРО-ЕКОТУРИЗАМ: ТЕОРЕТСКИ

Прочитај Повеќе