Ерасмус+ програма за индивидуална мобилност на наставен кадар

Преку програмата Ерасмус+ за индивидуална мобилност на наставен кадар, во периодот 24 – 29. 03. 2025 година, Проф. д-р Биљана Коруноска, од УКИМ Земјоделски институт – Скопје, оствари студиски престој во Институтот за лозарство и винарство, на Универзитетот BOKU, Виена, Р. Австрија.

Во рамките на овој престој таа одржа неколку предавања од областа на лозарството и винарството, а исто така одржа краток семинар во кој ги презентираше македонските автохтони сорти грозје и македонските вина поврзани со македонската традиција и култура. Во склоп на оваа посета се посетија неколку винарски реони и неколку винарии каде се дегустираа најмногу локални австриски вина и вина од линијата Италијански ризлинг и Сив бургундец (Pinot grigio).

Во институтот, проф. Коруноска ги посети лабораториите и оранжериите за in vitro размножување на виновата лоза и се одржаа неколку работни состаноци во кои беа разменети стручни мислења, иновативни идеи и искуства како почеток за понатамошна успешна научна соработка на двата института.

Извор: BOKU IWOB

Останати Новости

Нова публикација за агро-екотуризам: теоретски основи, практични чекори и успешни примери

Со големо задоволство ја информираме јавноста, научната и стручната заедница, руралните домаќинства и сите чинители во руралниот развој за објавувањето на новата публикација: „АГРО-ЕКОТУРИЗАМ: ТЕОРЕТСКИ

Прочитај Повеќе