Земјоделскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје, на 27ми Ноември 2024 година, во просториите на М6 Едукативниот центар Скопје, ја одржа традиционално третата научна конференција насловена како „Темјаника – Арома и идентитет“, со цел споделување на најновите научни сознанија поврзани со винската сорта Темјаника, која долги години се одгледува како во Македонија така и во регионот, како главен претставник на сортите од кои се добиваат, се повеќе популарните, ароматични мускатни вина.
На конференцијата говорници беа истакнати и докажани научни експерти одземјава и регионот (Италија, Бугарија и Србија), од областа на лозарството и винарството, кои презентираа резултати од досегашните научни истражувања кои се однесуваат на сортата Темјаника. На Конференцијата присуствуваа и зедоа учество голем број на претставници од други научно-образовни иституции, од владините институции и од лозаро -винарскиот сектор.

Со поздравен говор настанот го отвори проф. д-р Виктор Ѓамовски, директор на УКИМ Земјоделски институт – Скопје, а за првата тема од Научната конференција со наслов: „Генетска и ампелографска поврзаност на сортата Темјаника со мускатните сорти – сличности и разлики“, зборуваше проф. д-р Климе Белески, од Земјоделскиот институт – Скопје. За Темјаниката во агроеколошките услови на Србија, говореше проф. д-р Драгослав Иванишевиќ од Пољопривредниот факултет при Универзитетот во Нови Сад, Србија. Темјаниката во агроеколошките услови на Бугарија ја претстави проф. д-р Ангел Иванов од Тракијскиот Универзитет во Стара Загора, Бугарија. Хемискиот состав и сензорната анализа на вината од сортата Темјаника ги презентираше проф. д-р Горан Миланов од Земјоделскиот институт – Скопје и на крај д-р Рафаеле Ниеда од Истражувачки центар на Vivai Cooperativi Rauscedo од Раушедо, Италија, го објасни процесот на Клонска селекција на Moscato bianco во Италија.
Конференцијата заврши со презентација и дегустација на вина од сортата Темјаника произведени од македонски винарии и винарии од регионот.
