На 08/11/2023 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, застапуван од Директорот на Институтот, проф. д-р Виктор Ѓамовски, и Земјоделско-прехранбениот факултет во рамки на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, застапуван од Деканот, проф. д-р Мухамед Брка.
Целта на Меморандумот е да овозможи размена на знаења и искуства помеѓу вработените и студентите од двете институтции, потоа да обезбеди спроведување на заеднички активности во преку учество во разни видови на проекти и работилници, како и да пружи меѓусебна поддршка во организација на симпозиуми, конференции и други настани, со цел воспоставување на долгорочна и плодна соработка на двете институции во иднина.