Студентска конференција – 09/11/2023

На 09/11/2023 година, претставници од Земјоделскиот институт учествуваа на IV Студентска конференција под наслов „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, организирана од страна на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Имено, учесниците се претставија со следните теми:

  • Деспина Поповска Стојанов: „МЕДОВИНАТА КАКОИНОВАТИВЕН И ПОТЕНЦИЈАЛЕН ПРОИЗВОД ВО РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ ВО С. МАКЕДОНИЈА“;
  • Бранкица Спасева и Иво Митрушев: „ВЛИЈАНИЕТО НА FITOSTEMIN-WP® ВРЗ ПРИНОСОТ И КВАЛИТЕТНИТЕ СВОЈСТВА НА ОРИЗОТ (Oryza sativa L.)“;
  • Виктор Рајчин: „ВЛИЈАНИЕ НА РАЗЛИЧНИ МЕТОДИ НА АПЛИКАЦИЈА НА GA3 НА КВАЛИТЕТОТ НА ПЛОДОВИТЕ НАРАЗЛИЧНИ СОРТИ (Vitis vinifera L.) УПОТРЕБЕНИ КАКО АГРОТЕХНИКА“;
  • Христина Тришеска: „ПРИСУСТВО НА СЕЛЕН ВОРАСТИТЕЛНИ ПРОИЗВОДИ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО“.

Воедно, во категоријата за студенти на втор и трет циклус на студии, Деспина Поповска Стојанов беше наградена со трето место за најуспешна презентација.

Благодарност до Земјоделскиот факултет на поканата да учествуваме на конференцијата, и се надеваме дека ова е само почеток на една успешна и плодна понатамошна соработка.

Останати Новости

Гостување на Проф. Д-р Климе Белески на одбележувањето на денот на Македонската Автохтона сорта винова лоза Станушина во Кавадарци

Денот на македонска автохтона сорта винова лоза Станушина, на 09.05.2026 година, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во

Прочитај Повеќе

Соопштение

На 06.04.2024 година (понеделник) во 11:00 часот во Салата за состаноци при Земјоделскиот институт ќе се одржи јавна одбрана на магистерска работа под наслов: ВЛИЈАНИЕТО

Прочитај Повеќе