Гостување на Проф. Д-р Климе Белески на одбележувањето на денот на Македонската Автохтона сорта винова лоза Станушина во Кавадарци

Денот на македонска автохтона сорта винова лоза Станушина, на 09.05.2026 година, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“. Проф. д-р Климе Белески од Земјоделскиот институт, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, говореше пред присутните за „Станушината во пракса: повеќе квалитет, помалку компромиси“.

Станушината има долга традиција на одгледување кај нас и претставува единствена македонска автохтона сорта, што се одгледува на овие простори, посебно во тиквешкото виногорје. Таа е многу значајна за националниот лозаровинарски идентитет и секако, зачувување на тој биодиверзитет, од сортите винова лоза. За жал, извесен период беше доста маргинализирана сорта, иако е автохтона сорта. Во последниве десетина години обновен е интересот и тој интерес оди во насока на тој глобален тренд, што оди во насока на валоризација на автохтоните сорти – нагласи проф. Белески.

Земјоделскиот институт има значајна улога како научен, стручeн и промотивен носител во афирмацијата и зачувувањето на автохтоната македонска сорта грозје Станушина. Преку долгогодишни истражувања, ампелографска карактеризација, клонска селекција и современи енохемиски анализи, Институтот активно придонесува кон валоризација на сортата и нејзино позиционирање како дел од националниот вински идентитет.

Со реализација на научни проекти, теренски испитувања и соработка со лозаро-винарскиот сектор, Земјоделскиот институт работи на подобрување на агробиолошките и технолошките својства на Станушина, со цел создавање вина со препознатлив квалитет и автентичен регионален карактер. Особено значајна е улогата на Институтот во зачувувањето на генетскиот потенцијал на сортата и нејзината адаптација кон современите климатски и пазарни предизвици.

Преку учество на научни конференции, едукативни настани, стручни обуки и јавни презентации, Земјоделскиот институт претставува важен промотор на Станушина на национално и меѓународно ниво, придонесувајќи кон подигање на свеста за вредноста на македонските автохтони сорти и нивниот потенцијал за развој на одржливо и препознатливо винарство.

Останати Новости

Соопштение

На 06.04.2024 година (понеделник) во 11:00 часот во Салата за состаноци при Земјоделскиот институт ќе се одржи јавна одбрана на магистерска работа под наслов: ВЛИЈАНИЕТО

Прочитај Повеќе