Оценка на недостатоците и предизвиците за здравјето на почвата во Р. Северна Македонија

Деградацијата на почвата претставува сериозен глобален проблем што силно ги засега екосистемите кои се од суштинско значење за производство на храна, генерирање енергија, складирање јаглерод, прочистување на водата и регулирање на хранливите материи. Последиците од деградацијата вклучуваат намалување на здравјето на почвата, биодиверзитетот и продуктивноста, што доведува до значајни еколошки и социо-економски предизвици како што се појава на поплави, миграции и долгорочни штети врз животната средина.

За да се помогне во справувањето со деградацијата на почвата, ИПА АДРИОН – ECOBASE проектот има за цел да развие иновативни и одржливи стратегии за управување со почвата, се со цел справување со проблемот и неговите последици.

Како дел од активностите на проектот, тимот од УКИМ Земјоделски институт, Скопје предводен од проф. д-р Мукаетов, спроведе серија анкети меѓу земјоделските производители низ целата држава. Анкетите беа наменети за производители на различни земјоделски култури — вклучувајќи житарици, овошки, лозје и зеленчук — со цел да се добие јасна слика за тековните практики за управување со почвите и да се идентификуваат потребите и предизвиците поврзани со здравјето на почвата.

За време на процесот на анкетирање, засегнатите страни беа запознаени со целите и активностите на ECOBASE проектот. Секој учесник имаше можност да одговори на прашања поврзани со неговото учество во управувањето со почвите, особено со нивното познавање и вклученост во мерките за зачувување на истите.

Врз основа на собраните податоци, проектниот тим ќе спроведе SWOT анализа со цел да ги идентификува клучните недостатоци, потреби и предизвици кои треба да се надминат, со цел успешна имплементација на практиките за Одржливо управување со почвите (SLM).

Останати Новости

Тренинг сесија – Јаглеродно земјоделство – модел за позелена иднина и здрава почва

„Зелен бизнис модел кој ги наградува кориниците на земјиштето заради примена на подобрени практики за управување со истото, што резултира со зголемено складирање на јаглерод

Прочитај Повеќе