Search
Close this search box.

Педологија и агрохемија

Одделението за педологија и агрохемија е фокусирано на проучувањето на природните услови (педогенетските фактори) и плодноста на почвата, односно проучување на нејзините физички, хемиски, биолошки и производни својства; бонитирање на почвите и изработка на применети почвени карти; исхрана на растенијата; правилна примена на мерката ѓубрење и нејзино оптимизирање, истовремено намалувајќи го влијанието врз соседните екосистеми, влијанието на климатските промени врз почвата и растенијата и др.

Наставно-научна и истражувачка дејност

Фокусирана на подобрување на продуктивноста на почвата и нејзина заштита од деградација; подобрување на растителното производство преку правилна исхрана на растенијата кај конвенционалното и органско производтсво; одржливо управување со почвите и примена на мерки на адаптација кон климатските промени како предуслов во борбата со глобалниот недостиг на храна; заштита на квалитетот на водата за пиење и подобрување на здравјето на човекот и др.

Лабораторијата учествува во домашни и меѓународни меѓулабораториски испитувања, а oд 2018 година е дел од Global Soil Laboratory Network (GLOSOLAN), при Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO).
Најзначајна опрема:

  • pH метар, HACH SensiON pH3;
  • EC метар, Jenway 3540;
  • Сушница, Memmert UN55;
  • Пламенфотометар, Jenway pFp7;
  • Спектрофотометар, Hewlett Packard 8453;
  • Атомски апсорпционен спектрометар;
  • Микробранова печка, Ethos easy-Milestone connect;
  • Дестилатор за азот,
  • Biob.Scientific;

 

Опрема за земање на почвени примероци, Eijkelkamp Auger Set for Heterogeneous Soils; GPS, Garmi Montana 700.

Д-р

Христина Попоска

Виш научен соработник

Раководител на одделение

Д-р

Душко Мукаетов

Редовен професор
Д-р

Марјан Андреевски

Редовен професор

Поважни проекти

2023 – 2027 – CA22144 – Sustainable use of salt-affected lands (SUSTAIN). COST.EU cooperation in science & technology;

2023 – 2027 – Cost Action CA22136 – Pan-European Network of Green Deal Agriculture and Forestry Earth Observation Science (PANGEOS). COST.EU cooperation in science & technology;

2023 – 2024 – Истражување на социоекономската состојба кај младите во руралните средини во Р.С. Македонија. УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2022 – 2023 – Спроведување на полски и лабораториски испитувања кај нови странски сорти ориз (Oriza sativa L.) во услови на Кочанската котлина. УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2021 – 2023 – Корелација помеѓу макро и микроелементите во системот почва-растение. Министерство за образование и наука и УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2021 – Forum for climate change adaptation and start-up opportunities – EIT Food Start Up Awareness Event. UKIM Institute for Agriculture, Skopje, R. of Macedonia and EIT Food, Funded by the EU;

2021 – 2022 – Содржина на бакар во лозовите насади од Тиквешкиот регион. УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2021 – 2022 – Создавање овозможувачка средина за засилена отпорност на земјоделството на климатските промени. УКИМ Земјоделски институт, Скопје и FAO;

2020 – 2021 – Антиоксидативна активност на плодовите од автохтони сорти и популации од овошје, зеленчук и грозје. УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2019 – 2021 – Четврт Национален план и Трет двогодишен извештај за климатски промени (4thNC/3rd BUR). UNDP и УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2019 – 2020 – Испитување на ‘ртливоста кај примероци од различни видови од Ген-банката по одреден период на долгорочна (LONG TERM) конзервација. УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2016 – 2017 – Карактеризација на автохтоните сорти калинка во Република Македонија. УКИМ Земјоделски институт, Скопје;

2013 – 2015 – MASIS – Основање на македонски почвен информативен систем. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Р. Македонија и FAO (Food and Agriculture Organization);