Поледелство

Работата на одделението за поледелство во состав на УКИМ Земјоделски институт  се одвива преку неговата основна дејност: научно-истражувачка, издавачка, апликативна и производствена дејност.

Научно- истражувачката работа на оделението за поледелство главно се одвива преку проекти, финансирани од национални и меѓународни средства. Фокусот на истражувањата се насочени кон проучување и изнаоѓање на практични решенија за проблемите кои се поврзани со производството на поледелските, а пред се житните растенија (пченица, ориз, пченка, јачмен, тритикале и др.).

За решавањето на проблемите во производството на житните култури и останатите поледелски култури, истражувањата на одделението преку полски експерименти и лабораториски анализи се насочени кон проучување и воведување на нови сорти во производството. Новите сорти потребно е да одговорат на предизвиците на климатските промени, примената на новите технологии за производство и потребите и барањата на пазарот. За таа цел одделението создава нов генетски материјал, врши постојана интродукција и колекционирање на истиот и негово проучување.

Издавачката дејност на одделението за поледелски култури не е самостојна туку таа се одвива во состав на Институтот, преку издавање на зборници, библиографии, каталози, самостојни публикации и др.

Апликативната дејност на одделението во најголема мера е регулирана со законот за семенски и саден матерјал на Република Македонија. Институтот и Оделението за поледелство се овластени и задолжени да вршата стручна контрола  на семенски посеви со житни растенија на фирми кои се овластени за производство на семенски матерјали. По извршените прегледи Институтот издава сертификати за извршената стручна контрола. Во лабораториите на Одделението се испитува и утврдува квалитет на жита и ориз според пропишани правилници и издава соответна документација. Одделението спроведува постконтролни опити, преткомисиски опити од сорти и хибриди, како и сите потребни испитувања за признавање и воведување на нови сорти и хибриди од житни растенија.

Производствената дејност на одделението се состои во меркантилно производство на поледелски култури на површина од 18 ха. На најголемиот дел од површините 11,5 ха се произведува ориз, а на останатите површини се произведува пченица јачмен, пченка и други поледелски култури. Одделението произведува и предосновно семе од житни култури.

Д-р

Добре Андов

Редовен професор

Раководител на одделение

Д-р

Винко Станоев

Редовен Професор
Д-р

Емилија Симеоновска

Редовен професор
М-р

Бранкица Спасевска

Асистент инстражувач
М-р

Иво Митрушев

Асистент истражувач
М-р

Таска Симоновска

Виш лаборант

Каролина Карајанкова

Лаборант

Тоше Јорданов

Лаборант

Поважни тековни проекти и проекти спроведени во последните 5 години

2023 – Springer Nature Meteor Project. Plant Gene Banks: Genetic Resources Collections, Conservation and Sustainable Utilization.

2023 – Мониторинг на житните стеници (Eurygaster spp. и Aelia spp.) – штетници на квалитетот на пченицата, во различни региони во Македонија. Финансиран од УКИМ Земјоделски институт – Скопје).,

2022 – 2023 – Спроведување на полски и лабораториски испитувања кај нови странски сорти ориз (Oryza sativa L.) во услови на Kочанската котлина. Финансиран од УКИМ Земјоделски институт – Скопје).,

2019 – 2020 – Испитување на ’ртливост кај примероци од различни видови земјоделски култури од ген-банката по одреден период на долгорочна (long-term) конзервација. Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје.,

2019 – “Introduction and Implementation of Common market organization measures” The European Union’s IPA/2015/037/907 EuropeAid/139105/DH/SER/MK
Marketing Standards for Cereals (Wheat, Corn and Rice) – Functional Analysis.,