Прв состанок на проектот ECOBASE INTERREG IPA-ADRION на Универзитетот во Патра, Грција

Во периодот од 30-31 јануари 2025година успешно беше одржан првиот состанок на проектот ECOBASE: Еко-подобни решенија засновани на природата за ублажување на деградацијата на почвата, на Универзитетот во Патра. На настанот меѓу останатите проектни партнери од Грција, Италија, Албанија, Црна Гора, Србија и Словенија, присуствуваа и членови од проектниот тим од УКИМ Земјоделски институт, Скопје.

На средбата се разговараше за стратегиите за комуникација и дисеминација на резултатите од проектот, како и за правилата за доставување на предвидените извештаи до Заедничкиот секретаријат и Управниот орган на програмата INTERREG IPA-ADRION. Дополнително, беа планирани следните чекори и идни состаноци, а следниот состанок е закажан за средината на јуни 2025 година во Падова, Италија.

Проектот ECOBASE на прекуграничната програма INTERREG IPA-ADRION се стреми да придонесе за справување со деградацијата на земјиштето преку иновативни решенија, истакнувајќи ја важноста на меѓународната соработка и размената на добри практики за заштита на животната средина.

Прочитај повеќе

Останати Новости

Нова публикација за агро-екотуризам: теоретски основи, практични чекори и успешни примери

Со големо задоволство ја информираме јавноста, научната и стручната заедница, руралните домаќинства и сите чинители во руралниот развој за објавувањето на новата публикација: „АГРО-ЕКОТУРИЗАМ: ТЕОРЕТСКИ

Прочитај Повеќе