Унапредување на дигиталното управување со здравјето на почвите во рамките на Проектот ECOBASE

Во рамките на Проектот ECOBASE (Inntereg IPA Adrion Programme), една од клучните планирани активности е развојот на напредни дигитални решенија за поддршка на одржливото управување со здравјето на почвите. Централна компонента на оваа иницијатива е воспоставувањето на Систем за мониторинг и прогноза/предупредување, наменет да обезбеди сигурен пристап до релевантни податоци, унапредена размена на знаења и засилена соработка меѓу сите засегнати страни во управувањето со почвите и земјоделското производство.

Основата на овој систем ја сочинуваат теренските почвени мониторинг-станици, кои овозможуваат континуирано прибирање на клучни метеоролошки и почвени параметри во реално време.

На 12 февруари 2026 година, тим експерти од УКИМ – Земјоделски институт, Скопје, со подршка на со експерти од компанија специјализирана за инсталација и на мониторинг станиците, реализираше теренска активност за инсталација на две почвени мониторинг-станици во Тиквешката котлина, која е пилот-подрачје на проектот.

Инсталираните станици се опремени со сеопфатен сет сензори, вклучувајќи сензори за брзина и правец на ветер, врнежи, почвена радијација, влажност и притисок на воздухот, како и сензори за влажност на почвата. Дополнително, секоја станица располага со соларен панел и дата-логер, што обезбедува автономно напојување, континуирана работа и безбедно складирање на податоците.

Покрај постојаниот мониторинг на климатските параметри и состојбата на почвата, станиците се интегрирани со специјализирани софтверски решенија кои овозможуваат трансформација на собраните податоци во практични алатки за поддршка производителите во процесот на одлучување. На тој начин, земјоделските произодители и советодавците добиваат конкретна поддршка при планирање на наводнување и навремена заштита на растенијата преку системи за рано предупредување, што придонесува кон поефикасни и климатски-отпорни земјоделски практики.

Двете мониторинг-станици се стратешки поставени за да ги опфатат различните агроеколошки услови во пилот-подрачјето. Првата е лоцирана на ниска езерска тераса со алувијални почви, додека втората се наоѓа во ридско подрачје со рендзини и регосоли, каде што во поширокиот регион доминира лозарското производство. Овој пристап овозможува прибирање репрезентативни податоци за различни типови почви и предели, со што директно се поддржува развојот на таргетирани мерки, особено во насока на унапредување на лозарското производство во пилот-регионот.

Со овие активности, Проектот ECOBASE дополнително го зајакнува користењето на дигиталните технологии за мониторинг на здравјето на почвите, адаптација кон климатските промени и одржлив земјоделски развој, придонесувајќи за зголемена отпорност и продуктивност на регионот.

Останати Новости

Соопштение

На 06.04.2024 година (понеделник) во 11:00 часот во Салата за состаноци при Земјоделскиот институт ќе се одржи јавна одбрана на магистерска работа под наслов: ВЛИЈАНИЕТО

Прочитај Повеќе