3ти состанок – Carbon soil quality

Во рамки на проектот ,,CARBON 4 SOIL QUALITY,, финансиран од страна на Interreg Euro-Med програмата, УКИМ – Земјоделскиот институт го организираше 3от состанок меѓу проектните партнери. Состанокот беше организиран во Скопје од 21 до 22 јануари 2025 година. Главната цел на состанокот беше да се презентираат досегашните резултати од проектот и да се планираат идните активности, со фокус на следниве теми: дефинирање на референтни вредности за содржината на органска материја во почвите и нивниот квалитет во Медитеранскиот регион, дефинирање на стандардни методологии за теренски и лабораториски мониторинг на органската материја во почвата и нејзиното моделирање, како и теми поврзани со шемите на јаглеродни кредити и системите за еколошка сертификација.

Останати Новости

Нова публикација за агро-екотуризам: теоретски основи, практични чекори и успешни примери

Со големо задоволство ја информираме јавноста, научната и стручната заедница, руралните домаќинства и сите чинители во руралниот развој за објавувањето на новата публикација: „АГРО-ЕКОТУРИЗАМ: ТЕОРЕТСКИ

Прочитај Повеќе