Заштита на Растенијата

Научноистражувачка дејност

Во рамки на Одделението за заштита на растенијата, опфатени се областите од ентомологија, фитопатологија и хербологија. Научноистражувачката дејност на Одделението за заштита на растенијата се одвива одделно по научни области и интегрирано. Научноистражувачката работа е насочена кон проучување на морфологијата, биологијата, екологијата, симптоматологијата, епидемиологијата, штетите на културните растенија и различните начини на сузбивање на штетните инсекти и пајаци, различните причинители на растителни болести и плевелите. Се испитува и појавата и детерминацијата на нови карантински штетни агенси и нивното прилагодување на новите услови, како резултат на глобалните климатски промени.

Образовна дејност

Кадарот на Одделението за заштита на растенијата одржува настава на втор циклус студии на студиската програма Органско и биодинамично растително производство на повеќе предмети.

Апликативна дејност

Во однос на стручно-апликативната дејност, согласно законските регулативи и овластувањето на Земјоделскиот институт од страна на МЗШВ, кадарот на Одделението за заштита на растенијата врши здравствени прегледи на семенски посеви и саден материјал на сите видови растителни култури. Како дел од Програмата за фитосанитарен мониторинг на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кадарот од Одделението учествува и во мониторингот на Приоритетни карантински штетни организми.

Во Одделението се вршат биолошки и физичко-хемиски испитувања на пестицидите. Стручниот кадар на Одделението изготвува стручно-апликативни проекти, нуди услуги на земјоделските производители врз основа на договори за деловно-техничка соработка за изготвување планови за заштита на растенијата и давање стручни совети и решенија за проблемите поврзани со штетниците, болестите и плевелите, изготвува мислења и извештаи од стручни вештачења.

Капацитети и ресурси

Одделението за заштита на растенијата располага со експериментална оранжерија со површина од 100 m2 во Скопје. Во рамки на Одделението се наоѓа и Лабораторијата за серолошка и молекуларна дијагностика на болести и штетници на растенијата. Како дел од Одделението, таа е вклучена при изработката на научноистражувачките и апликативни дејности на одделението.

Д-р

Јулијана Цветковиќ

Редовен професор

Раководител на одделение

Д-р

Слободан Банџо

Редовен професор
Д-р

Гордана Глаткова

Редовен професор
Д-р

Катерина Банџо Орешковиќ

Виш научен соработник