Тренинг сесија – Јаглеродно земјоделство – модел за позелена иднина и здрава почва

„Зелен бизнис модел кој ги наградува кориниците на земјиштето заради примена на подобрени практики за управување со истото, што резултира со зголемено складирање на јаглерод во живата биомаса, органската материја и почвите, преку поефикасно секвестрирање/складирање на јаглеродот и/или намалување на неговото ослободување во атмосферата, во согласност со еколошките принципи кои се поволни за биодиверзитетот и целокупниот природен капитал“ (Европска комисија – Одржливи јаглеродни циклуси).

Проектот EUROMED – “CARBON 4 SOIL QUALITY”, во рамките на Работниот пакет 1 – Подобро разбирање на придобивките од ЈАГЛЕРОДНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО за квалитетот на почвата и намалувањето на CO₂, има за цел да го подобри нивото на знаење за ЈАГЛЕРОДНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО и неговото влијание врз квалитетот на почвата и климатските промени.

За таа цел, на 2 април 2025 година, проектниот тим од Северна Македонија одржа тренинг сесија за модули поврзани со темата за јаглеродно земјоделство, во просториите на УКИМ Земјоделскиот институт во Скопје.

На едно место се собраа засегнати страни од владиниот и приватниот сектор, невладини организации, земјоделски производители, студенти докторанти и претставници од академската заедница, каде што имаа можност да слушнат повеќе за јаглеродното земјоделство и неговото влијание врз почвата, за специфичните земјоделски техники кои истовремено го подобруваат квалитетот на почвата, како и придобивките што ги нуди овој начин на производство особено за индивидуалните земјоделци.

Предлозите и мислењата произлезени од дискусијата на настанот, претставуваат важен придонес за усовршување на тренинг-модулите и развој на квалитетен едукативен материјал, што претставува чекор напред кон потенцијалната интеграција на овој систем на јаглеродно земјоделство во практиката.

Останати Новости

Оценка на недостатоците и предизвиците за здравјето на почвата во Р. Северна Македонија

Деградацијата на почвата претставува сериозен глобален проблем што силно ги засега екосистемите кои се од суштинско значење за производство на храна, генерирање енергија, складирање јаглерод,

Прочитај Повеќе